Состојки:
Тортилји
Модар домат
Лук
Пиперка
Јајца
Сланина
Оригано, сол
Приготвување:
- Изматете едно или две јајца, во зависност од тоа за колку луѓе подготвувате тортилји. Додадете малку сол и оригано.
- Премачкајте ги тортилјите со смесата и ставете на 1-2 минути да се запече. Потоа, доколку ви е зеленчукот веќе готов, односно, доколку како нам, ви останало од претходниот ден, ставете врз секоја тортилја по малку, додадете неколку парченца тенко сечена сланина и потпечете уште малку, односно, додека сланината не стане крцкава.
- Завиткајте ја тортилјата и послужете со Мексикана сос, доколку сакате малку луто или со било кој друг додаток.
Совет: Тортилјите можете да ги правите и со сирење или со било што друго што ви се наоѓа дома.