Торта од јаболко и моркови со прелив од јогурт

0
746

Состојки:
1 поголемо јајце
1/2 шолја кафен шеќер
1/3 шолја кокосово масло
1/4 шолја агаве нектар
1/4 шолја јогурт
2 лажички ванилин екстракт
2 лажички цимет
1/2 лажичка морско оревче
1 шолја пченично брашно
1/2 лажичка прашок за пециво
1/2 лажичка сода за печење
малку сол
3/4 шолја рендан морков
1 јаболко со средна големина

За декорирање:
1 шолја јогурт
2 лажички цимет

Приготвување:
1. Зaгрејте ја рерната на 180 степени. Попрскајте го плехот со спреј за печење, за да не се лепи.
2. Во поголем сад, ставете ги јајцата, кафениот шеќер, маслото од кокос, агавето, јогуртот, ванилата, циметот и морското оревче и измешајте убаво.
3. Додајте ги пченичното брашно, прашокот за пециво, содата бикарбона, малку сол (по желба) и промешајте малку со дрвена лажица. Потоа ставете ги морковите и јаболката и лесно измешајте.
4. Смесата префрлете ја во плехот и нежно измазнете ја горната површина со шпатула. Смесата треба да биде многу густа. Печете од 35 – 45 минути, додека површината зарумени. Можете да проверите дали внатрешноста е испечена со помош на чепкалка. Колку време ќе треба да печете зависи од повеќе фактори, како сочноста на морковите и јаболката. Не гледајте на час, гледајте ја тортата, па ќе процените кога треба да ја извадите од рерна.
5. Оставете ја испечената торта да се излади околу 15 минути пред да ја ставите малку во фрижидер за да се излади целосно пред да послужите. Откако ќе се излади сосем, прелијте ја целата торта со јогурт и цимет.