Топла салата од кус-кус и батат

0
495

Состојки:

1 шолја кус кус

1 шолја вода

400 г сладок компир (батат)

2 лажици пињоли

2 лажици свежо исцеден сок од портокал

2 лажици маслиново масло

Сол, црн пипер

2 помали главици црвен кромид или 1 поголема

2 лажици магдонос

Приготвување:

  1. Прелијте го кус-кусот со врела вода и оставете го покриен 5 минути.
  1. Исечете го компирот на коцки и сварете го во солена вода.
  2. Пињолите пропржете ги накусо во тава.
  3. Во посебен сад помешајте ги сокот од портокал, маслото, сол и бибер.
  4. Додадете ги во кус-кусот варениот компир, пржените пињоли, сечканиот кромид и магдоносот и прелијте со сок од портокал.