Состојки:
1 шолја кус кус
1 шолја вода
400 г сладок компир (батат)
2 лажици пињоли
2 лажици свежо исцеден сок од портокал
2 лажици маслиново масло
Сол, црн пипер
2 помали главици црвен кромид или 1 поголема
2 лажици магдонос
Приготвување:
- Прелијте го кус-кусот со врела вода и оставете го покриен 5 минути.
- Исечете го компирот на коцки и сварете го во солена вода.
- Пињолите пропржете ги накусо во тава.
- Во посебен сад помешајте ги сокот од портокал, маслото, сол и бибер.
- Додадете ги во кус-кусот варениот компир, пржените пињоли, сечканиот кромид и магдоносот и прелијте со сок од портокал.