Топ листа на нездрави оброци

0
1234

Бројни јадења кои не размислувајќи ги одбираме за ручек можат да бидат многу нездрави. Освен тоа, такви јадења не даваат не ни даваат доволна количина енергија која е потребна за остатокот од денот, а заради своите состојки често доведуваат и до таложење на вишок килограми.

Фаст фуд хамбургери и пржени компирчиња

Месото кое оди во хамбургерот дури само по себе и не е толку страшно, но ако на сето тоа му додадете двојно пециво, сланина, можеби уште парче месо, зачини, неколку парчиња кашкавал и згора на тоа, пржени компирчиња, во телото ќе внесете премногу калории кои навистина не ви се потребни. Освен тоа, пржените компирчиња се тешко сварливи такашто ќе ја потрошите резервната енергија и ќе ја уништите продуктивноста во текот на остатокот од денот, пишува epyk.com.

Веќе приготвени сендвичи

Многу продавници нудат веќе подготвени сендвичи кои може да изгледаат како совршен и лесен избор за ручек. Но она што не знаете е тоа дека повеќето сендвичи од продавниците содржат нездрави конзерванси кои овозможуваат овие сендвичи да изгледаат свежо во текот на целиот пат до полиците на продавниците. Освен тоа, тие исти сендвичи содржат нездрави масти, засладувачи и други додатоци. Ако баш сакате да ручате сендвич, подобро одете некаде кадешто ќе ви го направат по нарачка или направете си го самите дома и земете го со себе на работа.

Мафини

За мафините долго се сметаше дека се здрав избор за појадок, а многумина наместо ручек одбираат шолја кафе и вакво слатко колаче. Меѓутоа, повеќето мафини се направени од збогатено брашно, шеќер и путер, што баш и не е здрава комбинација со оглед на тоа што белото брашно и шеќерот имаат висок гликемиски индекс.

Печен компир

Кога станува збор за компири, печените се дефинитивно поздрав избор од пржените. Меѓутоа, и тој има висок гликемиски индекс такашто ќе направи да се чувствувате уморно затоа што предизвикува брз пораст на нивото на шеќер во крвта кое после некое време брзо опаѓа.

Сирење и крекери

Сирењето генерално се прифаќа како здрава намирница, а крекерите баш и не, освен ако јадете одреден вид. Повеќето крекери се преполни со шеќери, адитиви, масти и збогатено брашно. Кога јадете збогатено брашно, тоа значи дека јадете пченица на која ѝ се одземени природните  хранливи материи и која е помешана со останатите состојки. Според Global Healing Center, некои од тие состојки можат да бидат и токсични. Затоа подобро побарајте поздрави варијанти на крекери направени од цели зрна хељда и лен.

Пица

Секој сака одвреме навреме да изеде парче или две пица, но факт е дека готовите пици содржат и до 500 калории и 20 грама масти. Ако покрај пицата додадете и газиран сок, значително ќе го зголемите внесот на калории во организмот. Освен тоа пицата содржи и збогатено брашно што ќе доведе до тоа да останете без енергија и продуктивност во текот на поладневните часови. Ако баш сакате да изедете пица, подобро една вечер претходно направете домашнасо брашно од целовити ѓитарки и земете со себе неколку парчиња на работа.

Пециво

Заради своите состојки може нагло да го зголеми нивото на шеќер во крвта, но исто така и да предизвика негов пад во попладневните часови заради белото брашно и шеќерот. Исто така, домашните мини пецива од целовито брашно се подобра варијанта.

Смути

Иако важи за здрав избор з ручек, дефинитивно е подобра варијанта од пицата или хамбургерот, факт е дека смутито не може да му обезбеди на организмот влакна кои му се потребни за чувство на ситост во текот на денот, но истовремено ќе ви донесе голема доза калории. Ако ручате смути, би можеле многу брзо да огладните, што може да го зголеми дневниот внес на калории.

За да јадете поздраво, за да имате повеќе енергија, но да го спречите дебелеењето, подобро за ручек одберете овошје, зеленчук и целовити житарки.

Фото: Pixabey