Тирамису од палачинки

Изматете шест жолчки со шеќер во прав, па додадете го маскарпоне сирењето. Потоа додадете шест белки изматени во снег и ставете ја смесата да се лади околу два часа.

0
965

Состојки:

14 јајца
1 и 1/2 шолја шеќер во прав
450 гр маскарпоне сирење
3 и 3/4 шолји брашно
5 лажици путер
3 лажици обичен шеќер
4 шолји млеко
3 лажици инстант кафе
малку какао прав за декорација

Приготвување:

Изматете шест жолчки со шеќер во прав, па додадете го маскарпоне сирењето. Потоа додадете шест белки изматени во снег и ставете ја смесата да се лади околу два часа.
Помешајте го брашното со осумте јајца, па додадете ги истопениот путер и шеќерот. Во добиеното тесто додадете го млекото, но постепено. На крајот, додадете го кафето.
Од добиената смеса испечете палачинки. А потоа, редете ги една по една и премачкувајте со по малку од подготвениот крем. На крајот, наросете со какао прав и ставете да се лади најмалку три часа.