Тирамису – чизкејк со јагоди

Популарниот италијански десерт доживеал бројни варијанти во својот долг век на постоење. Речиси секогаш, заеднички на сите варијанти им се пишкотите натопени во различни комбинации.

0
291

Со овој колач можете да си играте колку што сакате, па слободно заменете ги шлагот и маскарпонето со урда и со јогурт и додадете свежо сезонско овошје.

Состојки:

400 г пишкоти

1 кг јагоди

500 г маскарпоне

200 мл слатка павлака

175 г крем сирење

200 г шеќер

4 јајца

2 мали лажички екстракт од ванила

Кора од портокал

25 мл сок од лимон

1 мала лажичка рум

100 мл сируп од јагоди

Прстофат сол

Путер

Приготвување:

Згмечете третина од јагодите и додадете во нив сируп од јагоди. Измаетете ја слатката павлака и оставете ја настрана. Одвојте ги жолчките од белките. Сравете во белките прстофат сол и изматете се во цврст снег.

Измаетете ги и жолчките и додадете во нив маскарпоне и крем сирење, шеќер во прав, изматената слатка павлака, рендана кора од портокал, екстракт од ванила, рум.

Кога сѐ добро ќе измешате, додадете го снегот од белки и измешајте со лажица.

Земете калап за торта со обрач. Намачкајте го со путер.

Исечете ја другата третина од јагодите на тркалца и поросете ги со сок од лимон з ада ја задржат свежината.

На дното од калапот ставете малку крем кој го измативте од сирењето и јајцата. Натопете ги пишкотите во пирето од јагоди и наредете еден ред на дното од калапот, премачкајте со кремот и наредете од јагодите, а потоа продолжете ја постапката со пишкотите. Зависи од длабочината на калапот колку редови ќре наредите.

Оставете ја тортата да преноќи во фрижидер и декорирајте ја по ваша желба.