Со овој колач можете да си играте колку што сакате, па слободно заменете ги шлагот и маскарпонето со урда и со јогурт и додадете свежо сезонско овошје.
Состојки:
400 г пишкоти
1 кг јагоди
500 г маскарпоне
200 мл слатка павлака
175 г крем сирење
200 г шеќер
4 јајца
2 мали лажички екстракт од ванила
Кора од портокал
25 мл сок од лимон
1 мала лажичка рум
100 мл сируп од јагоди
Прстофат сол
Путер
Приготвување:
Згмечете третина од јагодите и додадете во нив сируп од јагоди. Измаетете ја слатката павлака и оставете ја настрана. Одвојте ги жолчките од белките. Сравете во белките прстофат сол и изматете се во цврст снег.
Измаетете ги и жолчките и додадете во нив маскарпоне и крем сирење, шеќер во прав, изматената слатка павлака, рендана кора од портокал, екстракт од ванила, рум.
Кога сѐ добро ќе измешате, додадете го снегот од белки и измешајте со лажица.
Земете калап за торта со обрач. Намачкајте го со путер.
Исечете ја другата третина од јагодите на тркалца и поросете ги со сок од лимон з ада ја задржат свежината.
На дното од калапот ставете малку крем кој го измативте од сирењето и јајцата. Натопете ги пишкотите во пирето од јагоди и наредете еден ред на дното од калапот, премачкајте со кремот и наредете од јагодите, а потоа продолжете ја постапката со пишкотите. Зависи од длабочината на калапот колку редови ќре наредите.
Оставете ја тортата да преноќи во фрижидер и декорирајте ја по ваша желба.