„Тиквеш“ ексклузивно ја претстави новата бренд-платформа Тиквеш – Шато и Домени

На најголемиот саем за вино ProWein 2019, винарската визба „Тиквеш“ вo најдобро светло се претстави на најголемиот светски саем за вино – „Провајн“ (ProWein 2019), кој по 25-ти пат годинава се одржува во Дизелдорф, Германија.

0
209

Покрај учеството во заедничкото претставување на македонските вина во организација на здружението „Вина од Македонија“ на најголемиот светски саем за вино – „Провајн“ (ProWein 2019), вината од премиум линиите на „Тиквеш“ се претставија и самостојно на посебен штанд.

На овој штанд за првпат беше претставена новата бренд-платформа Tikveš Chateaux & Domainеs, што e дел од стратегијата за издвојување и промоција на премиум винските линии на „Тиквеш“. Во оваа пригода, повеќе од 60 илјади посетители на најголемиот светски саем за вино „Провајн“ имаа можност да ги пробаат премиум вината од домените „Бела Вода“, „Барово“ и „Лепово“, како и ексклузивна можност да се запознаат и да ги вкусат вината произведени во француската винарница Château de Gourdon, која од неодамна е дел од „Тиквеш“.

Дополнително, премиум вината на Tikveš Chateaux & Domainеs беа дел и од специјалната сесија за дегустација и доделување на медалите освоени на годинешниот престижен вински натпревар „Мундус вини“, на кој златни медали освоија црвеното вино „Бела Вода 2016“, белото вино „Барово 2018“ и „Домен Лепово Розе“ од бербата во 2018-та, кое наскоро ќе биде претставено и на македонскиот пазар. На истиот натпревар сребрени медали освоија вината: „Барово“ (црвено), берба 2016, и „Домен Лепово Шардоне“ (бело), од бербата во 2018-та.

„Провајн“ е најголем саем за вино и жестоки пијалаци во светот. Оваа година на него се претставуваат над 6800 прозводители од целиот светот, а се очекува во трите денови саемот да го посетат над 60.000 посетители.