Рецептот што ни го испрати нашата читателка Алики Јовчевска и ја донесе наградата од dm маркети кои во рамките на наградната игра на Арт Кујна, доделуваат пакет органски производи dmBio. Наградата може да се подигне од понеделник до петок од 09:00 до 16:00 во централата на dm на улица Даме Груев бр. 7, Скопје – Центар.
Состојки:
180 до 200 г ориз
40 г киноа
1 голем морков
(по желба 200 г грашак од конзерва, измиен и исцеден)
1 лажица хималајски зеленчуков зачин
1 лажица црвен пипер
Малку мелен црн пипер
3 лажици масло од репка (или сончоглед)
3 чаши зовриена вода
Приготвување:
- Рерната се загрева на 200° С.
- Оризот и киноата се мијат во цедилка под силен млаз вода.
- Во тавче со големина 35 Х 20 см. се ренда еден голем морков (по желба се става и грашак од мала конзерва), се додаваат оризот и киноата, зачинот, црвениот пипер, мелениот црн пипер, маслото и сето тоа се прелива со зовриена вода. Тавчето внимателно се протресува или се меша со лажица. Водата треба да биде речиси еден прст над оризот.
- Се пече 25 минути.