Состојки:
За тартот:
600 г брашно
2,5 дцл ладна вода
100 мл маслиново масло
1 прашок за пециво
1 лажичка сол
За филот:
500 г шампињони
2-3 млади кромитчиња
2 лажици кисела павлака
100 г рендано сирење
Сол, црн пипер
Рукола
Приготвување:
- Шампињоните исечкајте ги на помали парченца и заедно со исечканиот млад кромид пропржете ги на малку маслиново масло. Зачинете и оставете ги настрана.
- Замесете тесто од состојките и веднаш расукајте го во форма на тепсијата во која ќе печете. (Треба да е тенко, отприлика како за пица, па ако ви излезе поголема доза тесто, слободно вишокот зачувајте го за другпат или за втората тепсија).
- Намрсете ја тепсијата со масло и ставете го тестото внатре. Премачкајте го со павлаката и одозгора распоредете го филот од печурки, наросете од сирењето и ставете да се пече во загреана рерна.
- Откако ќе се испече (потребни се од 10-20 минути што сепак зависи од дебелината на тестото), прекријте го со листови свежа рукола и послужете.