Свеж колач со боровинки

Екстра лесев пецепт за одличен колач со боровинки

0
543

Состојки:

1 и 1/4 чаши свежи боровинки
1 и 1/3 чаши бел шеќер
2 лажици пченкарно нишесте
1/2 чаша омекнат путер

2 големи јајца
2 чаши универзално брашно
1/2 лажичка сол
1 лажичка прашок за пециво
1 чаша кисела павлака
1 лажичка екстракт од ванила
1/2 чаша сечкано јаткасто овошје, по желба

Глазура:

3/4 чаша шеќер во прав
1 лажица топла вода
1 лажичка екстракт од ванила

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Намачкајте го калапот за печење со путер и попрскајте го со брашно.
Во мало тенџере, измешајте ги боровинките, 1/3 чаша шеќер и пченкарно нишесте. Варете 5 до 6 минути, или додека не се згусне, а потоа тргнете го од оган и оставете го настрана.
Во голем сад, со миксер измешајте ги путерот и шеќерот, па додадете ги јајцата едно по едно постојано мешајќи.
Во друг садизмешајте ги брашното, солта и прашокот за пециво, додадете ја смесата со путерот и киселата павлака.
Ставете половина од смесата во подготвениот сад. Потоа ставете ја смесата со боровинките, па преостанатото тесто, а потоа, ако сакате, поросете со сечкано јаткасто овошје по ваш избор.
Печете 50 минути и оставете го да отстои 5 минути пред да го извадите колачот од тавата.
Подгответе ја глазурата такашто ќе ги измешате состојките во мала чинија. Прелијте врз колачот и послужете.