Супер рецепт за леб без брашно

Сакате да јадете леб? Доколку не можете да си го замислите оброкот без леб, а сакате да го исфрлите заради здравјето, но и заради вишокот килограми, ова е одлично решение.

0
1685

За сите лебојадци кои се секираат затоа што јадат премногу леб, а тоа, нели, не е здраво и дебелее, има добра вест. Превкусен леб без брашно кој не дебелее и е вистински благодет за организмот, па не е лошо дури и ако го јадете навечер.

Состојки:

500 г урда
250 г овесни снегулки
4 јајца
1 лажичка сол
1 лажичка сода бикарбона
2 лажици маслиново масло

Приготвување:

Измешајте ги во чинија солта, јајцата и урдата. Додадете ги овесните снегулки, содата и маслиновото масло.
Матете се додека смесата не стане целосно хомогена.
Обложете ја тепсијата за печење со хартија и ставете ја смесата внатре. Печете на 170 степени од 30 до 40 минути додека лебот не стане златно-жолт.
По желба украсете го со сусам, ким, лен или сончоглед.