Студенти од МИТ отвориле во Бостон ресторан со роботска кујна (ВИДЕО)

Четири дипломирани студенти од универзитетот во Масачусетс, САД, создале ресторан со роботска кујна која ја подготвува вашата храна за 3 минути. За да биде храната совршено подготвена и вкусна сфатиле дека им треба некој кој е извонреден кулинар па го регрутирале Мишелин шефот Даниел Булуд, како кулинарен експерт.

0
191

Spyce е нов ресторан во Бостон со роботска кујна која ја подготвува вашата храна за три минути или помалку. Четворица дипломирани студенти на МИТ универзитетот во Масачусетс, Мајкл Фарид, Брејди Најт, Лук Шлутер и Кејл Роџерс го создале концептот на роботска технологија и ресторан уште додека биле на колеџ. Познати како „Spyce Boys“, основачите биле инспирирани од своите искуства како гладни студенти со „тенки“ буџети. Роботичката кујна всушност е дизајнирана да ја подготвува храната, да готви, па дури и да се исчисти.

„Како инженери опседнати со роботика, решивме да создадеме нов и ефикасен начин за готвење храна“, велат тие за Бизнис инсајдер и објаснуваат како тоа функционира.

„Ќе нарачате од електронски киоск. Spyce нуди вегетаријански, вегански и безглутенски порции. Постојат 7 приспособливи опции. Екранот ја прикажува вашата нарачка додека роботичката кујна почнува да работи.

Нашите вок тави готват со постојано превртување на вашата храна, што не дозволува да загори и обезбедува да изгледа навистина убаво. Тие се загреваат со индукција и имаме контрола на температурата за да биде оброкот совршено зготвен.

Единствениот човек во кујната е човекот кој ги става вашите додатоци.

Порциите чинат 7,50 долари.

Од нашите скромни почетоци во подрумот на нашето „братство“ на колеџот, развивме прототип кој докажа дека можеме да направиме нешто што може да создаде вкусни, висококвалитетни оброци“, велат тие.

По создавањето на роботизирана кујна, основачите се фокусирале на квалитетот на храната и сфатиле дека за да го доведат овој концепт на ресторанот во живот, сфатиле дека им треба некој извонреден кулинар.

Затоа решиле да го регрутираат Мишелин шефот Даниел Булуд.

„Морав да дојдам во Бостон. Дознав дека роботската кујна носи прецизност,
конзистентност, вкус, а исто така свежина во приготвувањето на храната“, вели шеф Даниел Булуд.

Во моментов, Spyce има само една локација. Такашто, ако сакате да пробате навистина ефтина и вкусна храна која ќе ви ја подготват во роботизирана кујна, ќе мора да го посетите Бостон.

Robot Kitchen Cooks Food In 3 Minutes

This robotic kitchen cooks your food in three minutes or less. ?

Posted by KITCHEN INSIDER on Среда, 23 мај 2018