Состојки:
250 г свинска маст
1 јајце и 1 жолчка од јајце
200 г кисела павлака
4-5 лажици шеќер (ние употребивме 4 лажици мелен кафеав шеќер)
Сок и кора од 1 лимон
1 пудинг од ванила
2 кесички ванилин шеќер
500-600 г брашно
Шеќер во прав за поросување
Пекмез од сливи
Приготвување:
1. Изматете ги маста и шеќерот и полека додавајте ги јајцето и жолчката, а потоа и павлаката, сокот и кората од лимон и на крајот брашното и пудингот од ванила.
2. Се замесува тесто и на набрашнета површина се развекува тестото со дебелина од ½ цм. Се вадат форми со помош на чашка за ракија и се редат на тепсија на која сте ставиле хартија за печење (Од оваа количина излегуваат две тепсии од шпоретот).
3. Се печат околу 15 минути во загреана рерна на температура од 180 степени.
4. Се лепат по две колаченца со помош на пекмезот и се валкаат во шеќер во прав помешан со ванилин шеќер.