Спречете го непотребното фрлање на храна

Едно просечно семејство „произведува“ 0.75 кг отпад на ден. За жал, фрламе многу храна, од која повеќето не е ѓубре, а некому дури би можела да му биде и оброк. Бидете порационални.

0
96

За да создавате помалку отпад навистина мора да внимавате на тоа што го купувате, како и какви оброци правите. Отпрвин ќе мора да ја анализирате својата канта за отпад. Гледајте што сте фрлиле, колку од тоа можеби и не требало да фрлите, дали нешто сте можеле да рециклирате сами.

Кога ќе сфатите кои се вашите лоши навики, тогаш ќе знаете и како да ги регулирате. Да речеме, ако сте купувале голема кутија житарки и секогаш ја фрлате речиси полна, тогаш е време да прејдете на помала.

Добро пресметувајте ги оброците. Не гответе за 6 луѓе, ако сте дома четворица. Ако пак нешто ви остане, спакувајте го во помал пластичен сад и ставете етикета која ќе ве потсети тој оброк да го земете со себе на работа.

Сѐ ќе ви биде многу полесно кога ќе направите ред во фрижидерот. Така нема да ви се случува некои намирници да останале заборавени во аголот, затоа што се затскриени со еден куп нови. Чистете го еднаш неделно.

Прегледувајте ја храната и фрлете го непотребнотом а искористете го тоа што може да се искористи. Работите кои морате брзо да ги употребите (на пример, половина главица кромид која ви останала), држете ги најнапред, на видно место.

Еден оброк прогласете го за „оброк со остатоци“. Погледнете после неколку дена што ви останало и што би можело да „настрада“ ако не го искористите веднаш и фрлете се на приготвување на оброкот.

Тоа може да биде салата од остатоци од зеленчук со сирење или овошен шејк. Некои намирници или остатоци од оброците можете и да замрзнете. Доматен сос, ореви, вишни,…Тие работи навистина не се за фрлање.

Кога купувате, не се залетувајте. Внимавјте за колку луѓе приготвувате оброк, дали ќе ви дојдат гости, што сакаат тие да јадат, а што не? Не купувајте намирници за кои знаете дека вашите дома не ги сакаат затоа што тие секогаш завршуваат во кантата за отпадоци.

Малку внимание и можете да ја намалите количината на домашен отпад.

Фото: Pexels