Спанаќ со јајца во рерна

Единствена маана на ова брзо веге јадење е тоа што спанаќот треба долго и убаво да се мие

0
1254

Состојки:

500 г спанаќ

2 млади кромитчиња

маслиново масло

јајца

сол, црн пипер, буковец

Приготвување:

Исечканото кромитче и добро измиениот и исечен спанаќ пропржете го на малку маслиново масло (околу 3-4 минути) па префрлете го во огноотпорен сад, зачинете и ставете ги јајцата. Печете кратко во загреана рерна, додека да се испечат јајцата и послужете со павлака или со кисело млеко.