Колач со урда, павлака и пудинг од ванила

Кога ќе додадете уште и малку сок од свежо цеден лимон, ќе добиете десерт од кој сигурно нема да ви биде тешко дури и после третото парче

0
358

Состојки:

За тестото:

1 јајце

250 г брашно

125 г путер

малку прашок за пециво

За кремот:

3 јајца

400 г несолена урда

1 павлака

1 шолја јогурт

1/2 шолја кокосово масло

2 пудинзи од ванила

сок од 1/2 лимон

1 ванилин шеќер

250 г шеќер

Приготвување:

Замесете тесто од брашното, путерот, 1 јајце и малку прашок за пециво и ставете го во фрижидер на најмалку половина час.

За кремот изматете ги сите состојки.

Расукајте го тестото, префрлете го во калап за колач и обложете ги страните од калапот. Истурете го кремот и ставете го колачот да се пече во загреана рерна на 175 степени околу 1 час.

Кога ќе се олади, ставете го во фрижидер да се излади убаво и послужете.