Сос за шкампи на македонски начин

Овој едноставен сос од портокал, павлака и шафран во оригиналниот рецепт е всушност наменет како прелив за шкампи, но во недостаток на шкампи, ние со него ги преливме варените морковчиња

0
276

Значи, ова е еден вкусен додаток кој одлично оди со шкампи, ама и со варени моркови. Испробајте, веројатно добро ќе оди и со лосос.

Состојки:

Свежо цеден сок од 1 голем портокал

1 павлака

1/2 лажичка шафран

малку сол

Приготвување:

Ставете го во тенџерче сокот од портокал, додадете ги шафранот и солта и ставете ги на слаб оган. Додадете ја киселата павлака, измешајте и исклучете.

Префрлете го сосот во мал сад за сосови и послужете со некоја од варијантите што ги споменавме.