Значи, ова е еден вкусен додаток кој одлично оди со шкампи, ама и со варени моркови. Испробајте, веројатно добро ќе оди и со лосос.
Состојки:
Свежо цеден сок од 1 голем портокал
1 павлака
1/2 лажичка шафран
малку сол
Приготвување:
Ставете го во тенџерче сокот од портокал, додадете ги шафранот и солта и ставете ги на слаб оган. Додадете ја киселата павлака, измешајте и исклучете.
Префрлете го сосот во мал сад за сосови и послужете со некоја од варијантите што ги споменавме.