Сокот од зелка го уништува ракот, го јакне имунитетот и го штити срцето

Истражувањата покажале дека со секојдневна консумација на сок од зелка можете да го подобрите своето здравје и да го намалите ризикот од појава на низа болести.

0
1446

Зелката е многу добар извор на нетопиви влакна и бета каротен. Одличен извор е на различни нутритивни соединенија, вклучувајќи ги витамините К, Е, Ц, Б1, Б6, железо, сулфур, магнезиум, јод и калциум. Истражувањата покажале дека со секојдневна консумација на сок од зелка можете да го подобрите своето здравје и да го намалите ризикот од појава на низа болести.

Го намалува ризикот од настанок на рак

Сокот од зелка има моќно антиканцерогено дејствување и го намалува ризикот од настанот на рак на дојка, дебело црево, црн дроб, бели дробови и јајници.

Го јакне имунитетот

Истражувањата покажале дека зелката го јакне имунитетот и го намалува ризикот од настанок на различни инфекции. Сокот од зелка е исто така добар и за ублажување на симптомите на алергијата.

Го штити здравјето на срцето

Зелката е многу добар извор на селен кој го намалува ризикот од настанок на болести на кардиоваскуларниот систем, високиот крвен притисок, срцев и мозочен удар.

Ја поттикнува работата на мозокот

Благодарение на високиот процент на витамин К и антоцијанин, зелката може да ја подобри концентрацијата, фокусот и помнењето.

Фото: Pixabey