Сокот од ананас, 500 отсто поделотворен од сирупите против кашлица

Ананасот се покажал одличен и во превенцијата и лекувањето на различни видови на рак, бактериски и вирусни инфекции.

0
752

Ананасот е едно од најздравите овошја. Одличен извор е на бромелаин, ензим кој учествува во разградувањето на протеините и превенцијата на низа болести.
Досегашните истражувања покажале дека ананасот може да ја ублажи кашлицата и дека е дури 5 пати поделотворен од сирупите против кашлица. Ананасот се покажал одличен во превенцијата и лекувањето на различни видови на рак, бактериски и вирусни инфекции.

Сирупот од ананас содржи двојно повеќе витамин Ц отколку што му е потребно на вашето тело во еден ден. Овој сируп е многу добар извор на манган кој учествува и во изградбата на врзивно и коскено ткиво, во разградувањето на масти и шеќери и во одржувањето на работата на нервниот систем.

Ананасот може да се користи и за лекување на пореметувањето во работата на синусите. Особено делотворен се покажал во ублажувањето на натеченоста предизвикана од воспаление на синуси, а исто така ја ублажува и кашлицата и го олеснува искашлувањето.

Сирупот од ананас е одличен за превенција на болестите на очите и оштетувањата на видот. Ананасот има моќно антиинфламаторно дејство, заради што е одличен за превенција и ублажување на симптомите на хроничните болести, како што е ревматоидниот артритис.

Направете сами сируп од ананас, кој не содржи вештачки бои и засладувачи и не предизвикува нус- појави. Ананасот содржи лековити состојки за смирување на кашлицата и ублажување на грлоболката.

Само една шолја чист сок од ананас содржи 50 отсто од дневната потреба за витамин Ц кој е силен антиоксиданс и го јакне имунолошкиот систем, ги смирува воспаленото грло и кашлицата. Освен бромелаин и витамин Ц, ананасот е богат извор на витамин А, тиамин, рибофлавин, витамин Б6, фолна киселина, пантотенска киселина, магнезиум, манган и калиум.

Земајте ¼ шолја сируп 3 пати дневно и ќе забележите дека кашлицата и грлоболката исчезнале за миг. За подобро дејство, додадете му на сирупот и прстофат куркума.

Како мерка за правење на овој сируп, користете шолји од 250 мл.

Состојки:

1 шолја свеж сок од ананас
¼ свеж сок од лимон
8 цм излупен ѓумбиров корен
1 лажица мед
Прстофат сол
½ лажичка црвена пиперка

Приготвување:

Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте додека смесата не се соедини.