Состојки:
1 кг дебела кора од лубеница, а 1 цм од црвениот дел
1 лажица оцет
500 мл вода
1,5 кг шеќер
3 лимони
2 кесички ванилин шеќер
Приготвување:
- Кората од лубеница со црвениот дел исечете ја на коцки, ставете ги во тенџере и прелијте ги со вода и со 1 лажица оцет. Варете додека кората не омекне, а потоа исцедете.
- Сварете густ сируп од шеќер и вода. Додадете ја кората од лубеница и варете уште околу 10 минути. На крајот додадете 3 лимони исечени на тркалца и кесички ванилин шеќер.
- Изладете, ставете во тегли и затворете.