Ова слатко лепче од тиквички може да послужи како колач за појадок, како десерт сам за себе, а за оние кои сакаат да ги мешаат вкусовите, како сладок додаток на солено јадење. Сочно, вкусно, слатко и пикантно.
Состојки:
3 шолји (од 250 мл) брашно
1 лажичка сол
1 лажичка сода бикарбона
1 лажичка прашок за пециво
4 лажички цимет
2 поголеми тиквички (рендани)
3 јајца
1,5 шолја шеќер
½ шолја пире од јаболка
½ шолја сончогледово масло
1 лажичка екстракт од ванила
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 180 степени.
Садот за печење леб намрстете го и набрашнете го. Истресете го вишокот брашно.
Во еден сад измешајте ги брашното, солта, прашокот за пециво, содата и циметот. Во посебен сад со миксер изматете ги јајцата, пирето од јаболки, маслото, шеќерот и екстрактот од ванила.
Постепено додавајте ги сувите состојки и мешајте додека не се соединат. Додадете ги рендабните тиквички, измешајте и ставете ја смесата во калапот за леб и печете околу 45 до 60 минути.