Лесна салата која симнува килограми

Оваа салата е идеална за оние кои внимаваат на килажата или пак сакаат да ослабнат. Свежите краставици и сирењето се освежителни, а павлаката и авокадото ѝ даваат богат и кремав вкус.

0
622

Состојки:

2 свежи краставици

100 г фета сирење

1 млад кромид

1 авокадо

50 г копар

Маслиново масло

Сок од лимон

1 лажичка сенф

1 лажичка лук во прав

Прстофат сол

Прстофат црн пипер

Приготвување:

Во поголем сад ставете ги исечканите краставици, авокадото, кромитчето, копарот и здробеното фета сирење.

Во друг сад направете го преливот за салатата, а состојките одредете ги според вашиот вкус. Измешајте ги маслото, сокот од лимон, сенфот, лукот, солта и црниот пипер  и прелијте ја салатата.