Сладолед за даркери

0
353

Црниот сладолед е нов тренд кој, се разбира, ни доаѓа од Америка, поточно, од Калифорнија.

Идеен творец на овој сладолед е Little Damage Ice Cream Shop од Лос Ангелес и велат дека таму секојдневно се чека во ред за да се купи овој единствен вкусен сладолед црн како јаглен. Доколку сакате необични и црни нешта, па дури и кога станува збор за храна, овој црн сладолед дефинитивно треба да ви се најде на листата на се она што сакате да испробате. Ако ништо друго, совршено оди со „мрачно“ расположение.

Единствена маана му е што остава темна трага на забите и во самата уста.