Скуши со зеленчук во рерна

Едноставно јадење кое убаво изгледа, вкусно е и здраво

0
1045

Скушите можете да ги замените и со некоја друга риба, но со оглед на тоа што оваа риба е богата со здрави маснотии  препорачливо е да се јаде барем еднаш неделно. Од главите можете да направите рибја чорба.

Состојки:

Скуши (во зависност од тоа колку луѓе има)

2 домати исечени на тркалца

2 парчиња млад кромид или 1 главица црвен кромид

2 чешниња лук

Малку вино или сок од лимон

Сол, црн пипер, маслиново масло и свеж магдонос

Приготвување:

Направете филети од рибата. Прелијте го дното од садот за печење со маслиново масло и наредете го на дното младиот кромид, одозгора доматите кои ќе ги поросите со ситно исечкано лукче и на крајот ќе ги наредите филетите скуша. Зачинете. Малку маслиново масло измешајте во чаша со вино или со сок од лимон и малку вода и прелијте ја рибата. Ставете во рерна на 180 степени и печете околу половина час. Послужете ја рибата поросена со свеж магдонос.