Испробајте ги традиционалните британски скоунси кои најчесто се прават со суво грозје, а потоа можете да експериментирате со други суви овошја или чоколадо.
Состојки:
500 г брашно
120 г шеќер
1 прашак за пециво
малку сода бикарбона
малку сол
125 г путер
1 шолја суво грозје
200 г кисела павлака
1 јајце
Приготвување:
- Во еден сад помешајте ги павлаката и содата.
- Во голем сад измешајте ги брашното, шеќерот, прашокот за пециво, солта и путерот. Додадете ги павлаката, јајцето и содата и на крајот сувото грозје.
- Замесете го тестото со раце и спојте го во една маса.
- Расукајте го на дебелина од 1,5 цм и исечете го на облици по ваша желба.
- Наредете ги врз хартија за печење а помеѓу секое оставете по 5 цм растојание.