Дознајте како се прави одличен сируп против кашлица од суви смокви.
Сируп против кашлица можете да направите сами и тоа по еден стар но делотворен рецепт. Сѐ што ви треба се суви смокви и шеќер.
Состојки:
1 мал сад со суви смокви
Исто толку шеќер
Една до две здели вода
Приготвување:
Сувите смокви заедно со шеќерот ставете го во тенџере и додадете вода, но само толку колку што е потребно за да се прекријат сите состојки.
Варете сѐ додека шеќерот сосема не се истопи, а смесата не стане густа како сируп. Извадете ги смоквите, а сирупот претурете го во шолја и пијте го со мали голтки во текот на целиот ден. Вашиот проблем со кашлицата постепено ќе исчезне. И смоквите можат да се искористат и тоа против болки во градите па можете да ги изедете додека се уште млаки.
За сите оние кои не смеат да јадат шеќер, постои и поедноставен рецепт. Сварете литар вда и додадете шест поголеми суви смокви. Варете ги околу четири минути и извадете ги од водата.
Антибиотски помагач
Добиениот напиток е исто така корисен и здрав затоа што е богат со железо, калиум и калциум како и антибиотската материја која настанува при сушењето, а се ослободува при варењето.
Оставете го да се олади и пијте го исто така во мали голтки во текот на целиот ден. За да го засилите и на тој начин да се снабдите со повеќе енергија, додадете во напитокот две киви и еден портокал кои претходно ќе ги измешате во блендер. На крајот додадете и лажиќка мед и ќе добиете вистинска енергетска бомба која ќе ви ги даде потребните витамини и минерали.
Фото: Pixabey