Состојки:
За подлогата (калап 18 цм):
20 урми
110 г мелени јаткасти плодови (бадеми, пржени лешници, ореви…)
Состојки за кремот:
1 зрело авокадо
30-40 г мед
10 г какао
Пола лажичка кокосово масло
Прстофат сол
Приготвување:
Исчистете ги урмите од семки па ставете ги во врела вода и оставете ги околу 15 минути. Потоа исцедете ги, но не сосема за да не биде подлогата сува) па додадете ги мелените јаткасти плодови. Ставете се во блендер и измешајте.
Во калап од 18 цм ставете ја добиената смеса.
За кремот, исчистете го авокадото и ставете го во блендер со останатите состојки.. Пробајте дали е доволно слатко, а ако не е, додадете уште мед.
Премачкајте го кремот врз подлогата и оставете ја тортата да се лади во фрижидер барем 1 час.
Послужете по желба со пржени лешници или со свежо овошје, а можете да направите и чоколаден прелив такашто 1 лажица кокосово масло ќе стопите и ќе го измешате со какао.