Што се случува кога ќе се спојат геометрија, архитектура и врвно слаткарство?

Што се случува кога една архитектка сака да прави слатки? Ако ова ви звучи познато, тогаш веројатно сте слушнале за Украинката Динара Каско.

0
724

Динара Каско е украинска слаткарка, врвен шеф, мајсторка за изработување на десерти кои имаат геометриски форми и архитектонска прецизност.
Таа на своите десерти им приоѓа како да се градби и создава неверојатни и единствени вкусни структури.

„Имам многу нереализирани идеи и голема желба за експериментирање. Не сакам да ги копирам другите туку да создадам нешто ново“, вели Каско во едно интервју за „So Good“.
Минатата недела Каско беше дел од презентацијата на новиот вид на чоколадо, Руби, во Шангај. Бери Калебаут, еден од најголемите производители на чоколади во светот, покани четири готвачи од целиот свет за да го претстават новиот производ.

„Ја имав честа да бидам една од првите кои ќе го пробаат новото чоколадо, ќе работат со него, и ќе ја претстават компанијата на голем настан, заедно со уште тројца талентирани готвачи: Мартин Диез, Марин Коертенџанс и Џенис Вонг“, напиша Каско на својата веб страница.

Погледнете некои од нејзините гастрономски ремек-дела.

Sliced Cake

Dessert the Ball

Cake Chocolate Block

 

The pyramid with coconut