Дали поимот „clean eating“ е само уште една во низата привремени моди? „Clean eating“ е всушност само начин на хранење. Исто така, за некои претставува и начин на живот.
Постојат неколку клучни принципи кои го опишуваат поимот „clean eating“, а кои се совпаѓаат и со темелните принципи на правилна исхрана:
Јадете повеќе вистинска храна, што значи, јадете што повеќе непроцесирана храна, а што помалку процесирани и рафинирани намирници.
Јадете за да се нахраните. Јадете редовни, избалансирани оброци и здрави меѓуоброци. Јадете почесто дома и самите подготвувајте си ја храната на поздрав начин. Кога патувате или одите на работа, понесете си храна што ќе ја подготвите дома. Ако јадете надвор, мудро одбирајте.
Јадете безбедна храна. Практикувајте безбедност на храната такашто задолжително ќе ги измиете намирниците, а месото ќе го чувате одвоено од останатите намирници а храната ќе ја подготвувате на соодветна температура.
Јадете локална храна. Одгледувајќи своја храна или купувајќи храна од локалните одгледувачи учествуваш во промовирањето на одржливиот развој и заштита на средината.
Јадете повеќе намирници со растително потекло. Во својата исхрана вклучете повеќе растителни намирници богати со протеини како грав, леќа или грашак, и житарки како киноа, јачмен и хељда.
Прифатете го „почистиот“ начин на живот такашто ќе имате доволно телесни активности, ќе си обезбедите доволно сон и ќе научите да управувате со стресот. Дружете се со луѓе во чие друштво уживате – разговарајте, смејте се, поделете ги оброците, шетајте…