Што сѐ лекува сокот од моркови?

Алтернативната медицина се колне во сокот од моркови кој по потреба се пие секојдневно, во различни дози, во зависност од болеста која ве мачи, па освен за карцином, се препорачува да се пие и за ревматизам, цревни заболувања, болести на црниот дроб,...

0
1268

За лекување на канцерогените заболувања народната медицина им советува на сите заболени од рак дури и во забрзан стадиум на болестите да го воведат сокот од моркови со консумирање на 1-1,5 литар сок од моркови секој ден. За превенција на карцином пак, се препорачува секој ден да се пие количина од 1 дцл сок од моркови.

Но освен за карцином, сокот од моркови се препорачува и за други различни болести.

Против анемија се препорачува количина од 3 дцл на ден, но и јадење од моркови како што се супи, салати, пире, итн.

Против артериоклероза дневно треба да се пие до 1,5 литри сок од моркови, и тоа во текот на целиот ден. Лековитото дејство на оваа кура се должи на дукаринот кој делува на проширување на крвните садови.

За болестите на црниот дроб треба да се пие свеж сок од моркови три пати на ден по 0,5 дцл.

За отстранување на паразитите кај деца, и тоа во краток временски рок, на децата треба да им се дава сок од моркови во количина од 2 дцл на ден или рендани моркови со рендано јаболко.

За цревни заболувања, дури и кај најчувствителните луѓе, сокот од моркови брзо воспоставува нормално функционирање. .

Кај чир на желудник или дванаесетпалачно црево се зема на гладно по 1 дцл сок од моркови секој ден и тоа го спречува создавањето на вишок на желудочна киселина и така го отстрануваат нејзиното надразнувачко дејство врз слузницата на желудникот. Сокот од моркови како средство за намалување на желудочната киселина е подобро од гастал и од сода бикарбона. Ја впива прекумерната желудочна киселина и брзо ја отстранува без штетни последици. За ваков ефект е доволно да се испијат 2,5 дцл сок.

Ревматичарите би требало секојдневно да пијат до 3 дцл сок од моркови затоа што со него се острануваат од организмот сите отровни состојки кои ги поттикнуваат реумата и гихтот.

При воспаление на грлото или почетно воспаление на белите дробови, настинка и особено, грип, сирупот од морков е успешен во лекувањето и на младите и на старите луѓе. Морковите имаат и лесно лаксативно дејство на цревата, а ако се пие во форма на сок спречува запек.

При стареењето се појавува сѐ послаба активност и слаб организам, очно перде, а за спречување на сето ова еден од најдобрите лекови е сокот од моркови со млеко. Пола шолја млеко мешаме со пола шолја сок од моркови и го пиеме секојдневно. Овој напиток подмладува и го победува стареењето.

Фото: Pixabey