Што ќе ве спаси ако страдате од киселини?

Киселините се симптоми на болести во системот за варење или на несоодветна исхрана која е проследена со непријатно жарење и болка во градите. За среќа, и за ова постои олеснување.

0
915

Оние кои имаат проблем со киселини знаат колку е тоа мачно, а и болно. Понекогаш жарењето кое се чувствува во градите, е толку неподносливо што мора да посегнете по некој лек. За среќа, постои олеснување кое доаѓа во облик на овие намирници.

Чај од ѓумбир

Сварете во вода исчистен и исечкан ѓумбир (со големина на палец), оставете го да отстои десетина минути, па испијте. Овој напиток е делотворен против разни видови воспаленија, а ја смирува и киселината.

Банани

Ако чувствувате симптоми на киселини, изедете банана. Оватропско овошје содржи минимални количини киселини, па така го штти и го смирува надразнетиот желудник.

Бадемово млеко

Оваа здрава алтернатива на класичното краво или козјо млеко помага да се неутрализир киселината во желудникот. Со бадемовото млеко изматете смути во кое ќе додадете јагоди, банани и спанаќ.

Овесни снегулки

Надразнетиот желудик сака храна богата со прехранбени влакна како што се овесните снегулки. Наутро почнете ги со порција овесни снегулки кои ќе ви дадат енергија за денот и ќе ја изгаснат секоја евентуална болка.

Анасон

Во врела вода додадете две лажици семе од анасон. Оставете го да отстои пола час, зачинете со мед и испијте.

Кефир и алое вера

Лажица сок од алое вера помешајте го со кефири изедете го за појадок. Ова е одлична комбинација која го смирува системот за варење, а е и вкусна.

Зелен лиснат зеленчук

Со зеленчукот не можете да згрешите. Јадете што повеќе зелен лиснат зеленчук како што се брокулите, шпарогите, целер и карфиол кои содржат малку киселини и се добри во борбата против киселини.

Фото: Pixabey