Што ќе се случи ако сите напитоци ги замените со обична вода?

Ако наместо сѐ друго што пиете во текот на денот, почнете да пиете само обична вода, тоа би можело да има одлични последици за вашето тело. Освен што е добро за линијата, добро е и за целокупното здравје.

0
525

Алкохолот е нездрав, различни сокови имаат премногу шеќер, а кафето …па добро, издржете барем десетина дена без кафе, колку да го направите овој експеримент.

Имено, американски истражувања  откриле дека таквите „водени режими“ можат да направат чуда. Ако во текот на 9 дена ги замените сите напитоци со вода, тоа ќе ви замени 8 километри трчање. Ќе го поттикнете метаболизмот, а ќе го намалите и апетитот.

Срцето и мозокот функционираат подобро. Целото наше тело ќе му се радува на дотокот на кислород. Пет чаши вода на ден (една чаша од 200 мл) го намалуваат ризикот од срцев инфаркт за 41 отсто. После 8 чаши се зголемува активноста на мозокот за 30 отсто.

Кожата станува помека и почиста. Вистинската убавина доаѓа однатре. Водата го чисти и лицето, ѝ ја дава на кожата потребната влажност. Го намалува ризикот од болести. Со пиењето вода се зајакнува имунитетот, а отровните материи побрзо се апсорбираат.

Така можат да се избегнат некои болести – како што е висок крвен притисок, воспаление на меурот па дури и рак на дебело црево. А и ќе заштедите кога ќе престанете да купувате кафе, сокови, алкохол….

Фото: Pixabey