Во жешките летни денови треба да се внимава што се јаде и како се приготвува и чува храната, велат од Институтот за јавно здравје кој донесе и неколку препораки.
Овошје и зеленчук, се на врвот на како најдобра препорака во исхраната во текот на жешкиот летен период. Потоа се препорачува храната која не содржи многу масти (особено заситени), варена храна, во вид на чорби или супи. Месото треба да биде варено или печено, без маснотии.
Во овој период се препорачува и да се јаде бела риба како и да се консумираат млечни или овошно-млечни напитоци.
Институтот препорачува да не се изоставаат житарките и зрнести растенија.
Водата чајот и кафето со или без шеќер се добри, но млекото и млечните производи треба да се сведат на една до две порции, а да се намали употребата на сокови и газирани пијалоци.
При подготовка и чување на намирниците за исхрана се препорачува да се следат принципите на безбедност на храната кои опфаќаат: миење на рацете, миење на овошјето и зеленчукот, спречувањето на вкрстената контаминација, готвење до безбедни температури во внатрешноста на храната, како и безбедно чување на храната во домашни услови се неколку од најважните принципи за безбедност на храната.
Од Институтот препорачуваат оброците да бидат мали и чести за да не се оптоварува организмот.
Не е препорачливо да се јаде до презаситеност, ниту пак да се држат ригорозни диети.
Се препорачува физичка активност зависно од можностите и тоа во раните утрински часови или во доцните попладневни часови.