Што ќе не убие?

Според научниците, дебелината и неисхранетоста му се закануваат на човештвото

0
533

Човекот не е најмногу загрозен од болестите, туку од дебелината, неисхранетоста и климатските промени, покажува најновата научна студија.

Научните истражувачи предупредуваат дека на човештвото му снемува време. Според сегашните пресметки, до 2050.година вкупната побарувачка за храна и храна за животните ќе биде зголемена за 50, односно 70 отсто, со натамошни алармантни последици, како што е изумирање на видовите, уништување на шумите и забрзување на климатските промени.

Во истражувањето кое го објавило научното списание Lanset научниците наведуваат дека дебелината, неисхранетоста и климатските промени се глобален синдром, односно, најголема закана за човековото здравје, односно, предизвик за човештвото.

И дебелината и неисхранетоста се последици од нездрави и неправедни системи, кои се фокусирани само на економската добивка и раст, додека негативните последици по здравјето се игнорираат, наведуваат истражувачите. Климатските промени се исто таа последица од економската заработка и моќ, а на штета на животната средина.

Научниците сфатиле дека ниедна земја не успеала да ги намали поразувачките бројки кога станува збор за дебелината. Како еден од виновниците тие ја наведуваат прехранбената индустрија, на која ѝ е важен само профитот.

Од областа на прехранбената индустрија веднаш реагирале на научните наводи, отфрлајќи било каква одговорност. Тие сметаат дека „само лицата со најекстремни ставови“ можат да веруваат дека санкционирањето на оваа индустрија би помогнало во подобрувањето на исхраната.

Посебно прозвани се почувствувале Британската федерација за храна и пијалоци и Меѓународниот совет на здружението на напитоци од Вашингтон, како и Кока-Кола. Научниците одговараат дека не се обидуваат да ја изостават прехранбената индустрија од животот, но сметаат дека „треба да постои на поинаков начин“.

Фото: Pixabey