Што е марципанот и дали е здрав?

Марципанот не спаѓа во диетални намирници, но не спаѓа ниту во нездрави. Богат е со витамин Е кој е силен антиоксиданс и активно учествува во борбата со стресот, ги штити клетките на организмот од патогени надворешни фактори и спречува промени предизвикани од разни болести.

0
546

Марципанот е мешавина од иситнети бадеми и шеќер. Најпопуларен е во Естонија, Франција, Италија и Германија. Има специфичен вкус па луѓето или го сакаат или го мразат. Најчесто се употребува за правење и декорација на торти и колачи. Понекогаш може да содржи и додатоци како кикирики или други јаткасти плодови, ликери и масло од бадмеи. Останати чести додатоци во марципанот се и какаото, кората од портокал, зачини, јајца, природни или вештачки бои.

Деликатесите врз база на бадеми содржат многу калории. Само 100 грама марципан содржат дури 478 калории, 6,8 грама протеини, 21 грам масти и 65,3 грама јагленохидрати.

Марципанот не спаѓа во диетални намирници, но не спаѓа ниту во нездрави. Богат е со витамин Е кој е силен антиоксиданс и активно учествува во борбата со стресот и емоционалната напнатост. Освен тоа, витаминот Е ги штити клетките на организмот од патогени надворешни фактори и спречува промени предизвикани од разни болести.

Постојат и нуспојави од марципанот. На пример, луѓето кои се алергични на бадеми би требало да ги избегнуваат. Симптомите на алергија вклучуваат блага до тешка мачнина, отекување на усните, грчеви, кивање, солзење на очите и вртоглавица.

Прекумерната консумација на марципан го зголемува ризикот од дебелеење, рак, болести на срцето и дијабетес тип 2. Заради големата количина шеќер, марципанот може да предизвика и расипување на забите и пародонтитис.