Доволно е човек да фрли брз поглед на фотографиите на рускиот лидер за да признае дека Путин во 65.година од животот е во прилично добра форма. Во што е неговата тајна? Одговорот се крие делумно во неговата исхрана.
Руската јавност е секогаш желна да дознае што јаде претседателот Владимир Путин, а Russia Beyond ги открива сите тајни на претседателското мени.
Претседателски појадок
Путин за појадок јаде каша, творог (руско младо растресито сирење) со мед, и пие сирови јајца од препелици. Тоа го кажуваат новинарите на ТВ каналот НТВ, кои во 2012. годинапојадувале со претседателот. Исто така откриле дека Путин сака да се напие сок од рен и од цвекло.
Неколку години подоцна рускиот лидер им раскажал на новинарите дека сака ориз и хељда, но не и овесна каша.
„Не можам да ѝ посветам многу време на исхраната“, рекол тој. „Сакам зеленчук: домати, краставици, зелена салата. Наутро сакам да јадам каша, свежо сирење и мед. Ако можам да бирам помеѓу месо и риба, ќе одберам риба, но сакам и јагнешко“, рекол Путин и додал дека не е човек кој сака слатко, иако одвреме навреме јаде сладолед.
Исхрана „во движење“
Путин многу патува, ширум земјата и по целиот свет. Она што го јаде на пат е сосема друга приказна.
„Кога сум на пат сакам да ја пробам домашната кујна. Навикнат сум на зелен чај… Обично не вечерам, немам за тоа време. Попладне се трудам да јадам овошје да се напијам кефир когае тоа можно, а кога не е, подобро ми е да не јадам ништо“, вели Путин.
Пред неколку години петербуршкиот ресторан „Подворје“имал посебномени – „Ручек со Владимир Путин“, кој ги нудел омилените јадења на претседателот. Путин го посетил тој ресторан многу пати. Обично таму нарачувал мешано месо (говедски јазик, колбаси, свинско и ќофте). Сака и чадена јесетра со лимон и путер.
Секогаш кога Путин јаде со новинарите, главна тема станува неговиот избор на јадење. На пример, во 2003. годинавоеден калињинградски ресторан нарачал уху(рибја чорба), пита со црвени кавијар, чадена јагула и палачинки со јагоди. Во 2008. година на патувањево Татарстан одбрал салата, пилешка супа софиде, говедско со ориз и пита… Од претседателската работа уште како се огладнува.
Што пие Путин?
Во 2010. Година готвачот од Кремаљ Анатолиј Галкин рекол дека Путин им дава предност на виното или на пивото. Готвачот открил и рецепт за посебниот коктел кој гостите го пијат на официјалните приеми: многу мраз, малку сок од лимон, нане и 50 г шампањско. Галкин вели дека овој пијалок одлично ја гаси жедта.
Исто така, некои медиуми тврдат дека претседателот сака шпански црни вина. Наводно сака да се напие и чашка вотка после јадење или пак чашка дагестански коњак.
Вкусовите на детството
Во една пригода Путин се потсетил на својата мајка која „печела пити со зелка, месо или ориз, и ватрушки (пити со свежо сирење)“. Можеби тоа ја објаснува неговата љубов кон питите.
Во книгата „Семејството на Путин “ од Александар Путин, објавена во 2002. година, авторот пишува за Спиридон Путин, дедото на рускиот претседател. Тој работел како готвач во еден ресторан во Петерсбург.
„Во 1918.година Спиридон го повикале да работи во Москва, во мензата на Кремаљ, кадешто готвел за Ленин и за советската елита. Се зборува дека подоцна станал личен готвач на Сталин во неговата резиденција“, се наведува во книгата.
Спиридон Путин умрел кога неговиот внук Владимир имал 12 години. Но, за среќа, Путин успеал уште додека неговиот дедо бил жив да земе рецепт за неговата рибја чорба и јагнешко со кавкаски треви.
Преземено од: Russia Beyond.