Секогаш при рака: За сите љубители на тиква

0
447

Ако сте голем љубител на тиква и често правите различни рецепти и комбинации, со тиква тогаш треба да си ја поедноставите работата и да се потрудите секогаш да имате на располагање одредено количество на тиква кое ќе можете да го употребите веднаш.

Испечете ја тиквата во рерна, а кога ќе се олади, излупете ја и со помош на миксер направете од „месото“ пире. Поделете го во мали кутии со капаче и замрзнете го. Секогаш кога ќе посакате да го почувствувате вкусот на тиква во различни рецепти за супи, њоки, варива, колачи, извадете од замрзнувачот и направете си го саканото јадење.