Маслиновото масло се користи за многу цели, и кога станува збор за здравјето, и за негата и за исхраната. Она што го прави супер храна е високото ниво на мононезакситени масти, особено олеинска киселина и различни антиоксиданти.
Дознајте зошто треба секое утро да консумирате по една лажица маслиново масло:
Антиканцерогено дејство
Својствата на есктра девственото маслиново масло се од помош против неколку видови на рак. Кога се правени истражувања, најдобри резултати се покажале во случај на рак на дојка и кај органите за варење.
Деменција
Една од причините за Алцхајмерова болест е и зголемената акумулација на бета-амилоиди во мозокот.
Тимот на стручњаци од Универзитетот Монро во Лујзијана открил дека олеоканталот, соединение кое се наоѓа во екстрадевственото маслиново масло има моќ да го контролира нивото на бета-амилоиди и значително го зголемува неговото чистење.
Шеќер во крвта
Екстрадевственото маслиново масло покажало способност да ја намали зачестеноста на дијабетесот. Маслиновото масло може да биде од помош при лекувањето на дијабетес тип-2 кога се консумира.
Крвен притисок
Студијата објавена во стручното списание Archives of Internal Medicine, покажала дека учесниците со висок крвен притисок на крајот го намалиле консумирањето на лекови благодарение на консумирањето на 30-40 грама екстра девствено маслиново масло секое утро.