Салата во седум слоја

0
584

Состојки:

12 парчиња сланина

1 шолја матеница

1 авокадо, преполовено, излупено и се разбира, без семка

1/4 шолја свежо исцеден сок од лимон (од 2 до 3 лимони)

3 лажици маслиново масло

Сол и свежо мелен црн пипер

1 зелена салата (исечена на тенки ленти)

8 тврдо варени јајца исечени на тркалца

1/2 мала главица црвена зелка, исечена на тенки ленти

Околу 3 ипол шолји шери домати, пресечени на половинки

½ кг грашак

Околу две шолји рендан кашкавал

Приготвување:

  1. Пропржете ја сланината додека не се стопи маснотијијата, околу 10 до 15 минути а потоа ставете ја на хартиена салфета да се исцеди и искршете ја на парченца.
  2. Во меѓувреме, во блендер изматете ги матеницата, авокадото, сокот од лимон и маслото и зачинете со сол и црн пипер.
  3. На дното од стаклен сад за салата наредете марула, вертикално, по ѕидовите на садот наредете јајца а останатите наредете ги врз салатата. Одозгора ставете ја зелката, а потоа доматите. Посолете, а потоа ставете го грашокот, одозгора ставете го приготвениот прелив и убаво распоредете го. Завршете со рендан кашкавал и парченца од пропржената сланина.Чувајте ја салатата во фрижидер.