Салата некогаш може да биде и главно јадење, особено ако не сте многу по месото…
Состојки:
800 г црвен грав
1 пакетче смрзната боранија (зелена и жолта)
1 праз
1 китка магдонос
Маслиново масло, оцет
Сол, бибер
Приготвување:
- Боранијата се става во зовриена вода и се вари околу 5 минути. Потоа се цеди и откако ќе се олади, заедно со гравот се става во сад за салата.
- Празот се сечка и се додава кај гравот и боранијата. Се сечка и магдоносот и се додава и тој.
- Салата се зачинува по желба, се меша и се послужува.