Салата со тиква, јаболко и ореви

Фантастична салата со најубавите есенски плодови

0
617

Состојки:

2 шолји тиква исечена на коцки

1 лажица маслиново масло

сол, бибер

1/2 шолја ореви

1 до 2 лажички јаворов сируп или мед

4 шолји рукола

1 јаболко

1/3 шолја брусници

Прелив:

1/4 шолја јаболков оцет

3 чешниња лук

1 лажичка Дијон сенф

2 лажички јаворов сируп или мед

сол, бибер

1/4 шолја маслиново масло

Приготвување:

  1. Загрејте ја рерната на 200C степени.

  2. Наредете ги коцките тиква во тепсија и прелијте ги со маслиново масло, сол и бибер.

  3. Печете околу 45 минути.

  4. Ставете ги во чинија да се оладат

  5. Намалете ја температурата на рерната на 170C степени и во истата тепсија ставете ги оревите прелиени со јаворов сируп или мед и малку сол. Печете ги 5 минути па оставете ги да се оладат.

  6. Во еден сад помешајте ги состојките за преливот.

  7. Во голема чинија ставете ги руколата, јаболкото, тиквата, брусниците и оревите и прелијте ги со приготвениот прелив.