Салата со смокви, пршут и моцарела

Ароматично, вкусно и здраво. Ако не јадете месо, слободно елиминирајте го пршутот од рецептот. Подеднакво е вкусно и без него

0
329

Состојки:

50 г рукола

Неколку зрели смокви

350 г моцарела

6 тенки парчиња пршут

2 лажички мед

2 лажички сок од лимон

Свежо мелен црн пипер

Приготвување:

Измијте ја руколата, исушете ја и наредете ја на чинија за послужување.

Исечете ги смоквите на половинки, а моцарелата здробете ја на помали парчиња. Пршутот исечете го на тенки ленти.

Во сад измешајте ги медот и сокот од лимон.

Смоквите, моцарелата и пршутот наредете ги врз руколата и прелијте со мешавината од мед и сок од лимон и зачинете со свежо мелен црн пипер.