Слаткиот компир е богат со витамини А и Ц, антиоксиданси кои ги отстрануваат слободните радикали, молекули кои влијаат на развојот на болести како атеросклероза и рак на дебело црево.
Состојки:
1 главица карфиол поделен на цветчиња
1-2 слатки компири исечени на коцки
1 главица кромид исечена на парчиња
2-3 чешниња лук
¼ шолја маслиново масло
Зачини (мајчина душица, рузмарин, или 1 лажица италијанска мешавина)
Сол и црн пипер
Босилек или магдонос за поросување
Приготвување:
Маслото, зачините и ситно исечканото лукче загрејте ги на тивок оган за да се измешаат вкусовите и оставете ги да се изладат.
Подготвениот зеленчук прелијте го со изладената мешавина и печете го во рерна околу 30 минути.
Поросете со босилек или со ситно исечкан магдонос и послужете топло.