Салата од тиква по рецептот на шеф Маре Јаневска

Инструкциите за оваа вкусна салата ги добивме од шеф Маре Јаневска, од британската амбасада во Скопје која несебично го споделува своето знаење со помладите колеги, но и со пријателите.

0
2159

Иако можеби изгледа дека рецептите што ги прават големите шефови се премногу комплицирани за нас, обичните гастрољубци, не е секогаш така. Уште ако шефот е и доволно широкоград и расположен да ги сподели рецептите и тајните состојки, нема зошто да не ги испробате.

Состојки:

Тиква

црвен грав

црвен кромид

сол, црн пипер

масло

балсамико

мајонез

малку лук

киселина од корнишони

рукола

Приготвување:

Излупете ја тиквата и исечете ја на коцки. Ставете масло, сол и црн пипер, ставете ги во тепсија обложена со хартија за печење и испечете ги. Оставете да се олади.

Во меѓувреме, исечете го кромидот на резанки, ставете оцет балсамико и додадете го гравот од конзерва.

Во друг сад помешајте мајонез со малку рендан лук и киселина од теглата со корнишони.

Наредете ги сите состојки по редослед и доколку ја консумирате салатата веднаш, ставете свежа рукола.