Салата од лубеница, свежи краставици и виолетов кромид

Уште една освежителна варијанта во која главна улога имаат највкусните и најсвежи летни намирници.

0
170

Состојки:

150 г лубеница (црвениот дел)

150 г свежи краставици

Средно голема главица виолетов кромид

лажица ситно сечкан власец

сок од ½ лимета

малку сончогледово масло

по желба малку сол или неколку коцки фета сирење

Приготвување:

Лубеницата и кромидот исечете ги на коцки, а краставицата на тркалца.

Додадете власец, сок од лимета, малку масло и по желба-сирење или малку сол.

Фото:Pexels