Состојки:
500 г грашок (свеж или смрзнат)
свеж млад спанаќ по желба
30 мл вински оцет
50 мл маслиново масло
1 лажица сечкан анасон
100 г козјо сирење
1 сечкан кромид
сол, црн пипер
Приготвување:
- Во лонец со врела вода го ставаме грашокот и го вариме околу 5 минути. Сварениот грашок го цедиме и оставаме да се излади.
- Во посебен сад го ставаме грашокот со ситно исечканиот кромид, лажичка сол, половина лажичка црн пипер, додаваме вински оцет, маслиново масло и се добро заедно мешаме.
- Ги додаваме и спанаќот и сечканиот анасон и сирењето па полека мешаме се заедно.