Чоколадна торта со пиво

0
352

Состојки:

За тестото:

3 дцл темно пиво

250 г брашно

100 г какао

330 д кафеав шеќер

2 јајца

1 прашок за пециво

250 г путер

1 лажичка екстракт од ванила

Сол

За преливот:

2 шолји вода

30 г путер

80 мл ирско виски

200 г шеќер

120 мл павлака за готвење

Приготвување:

  1. Поросете ја тепсијата за печење со брашно и загрејте ја рерната на 180 степени.
  2. Во еден сад измешајте ги брашното, пецивото, малку сол и какао, а во друг сад изматете ги со миксер путерот и шеќерот, па додадете ги јајцата и екстрактот од ванила и соединете ги двете смеси.
  3. Ставете ја смесата во тепсија и печете околу 50 минути.
  4. Во меѓувреме, на тивок оган ставете тенџере и во него ставете го шеќерот и две шолји вода и мешајте додека не добие темно кафена боја. Потоа ставете го вискито и запалете го. Кога пламенот ќе исчезне, додадете ги путерот и павлаката и ставете во чинија.
  5. Прелијте го изладениот колач и уживајте.